Емре Џан за Роналдо: Луѓето би се изненадиле колку е нормален…

Кристијано Роналдо важи за фудбалски генијалец, но во јавноста постои мислење и дека Португалецот е „нарцисоиден“ кога станува збор за неговиот карактер. Сепак, ваквите коментари ги демантира неговиот нов соиграч од Јувентус, Емре Џан, кој не го крие воодушевувањето од односнот на Кристијано кон сите околу него.

„Можам да ви кажам дека е многу опуштена личност. Стои цврсто на земја и воопшто не покажува дека сака да има статус на ѕвезда. Ме импресионираше, тој штом ќе ве види прв ќе ве поздрави или ќе ви се заблагодари ако направите нешто за него. Не се однесува така само кон соиграчите, туку и кон помошните тренери, масерите и кон сите вработени во клубот. Луѓето би се изненадиле кога би знаеле колку е нормален“ – го пофали Џан својот тимски колега.

Се вчитува...