Поранешниот светски рекет број еден британскиот тенисер Енди Мареј е добитник на годинашната награда „Артур Еш“ за хуманитарна работа, а ја заслужи за неговите напори да им помогне на украинските деца погодени од руската инвазија на нивната земја.
За време на турнирот во Индијан Велс оваа година, Мареј реши целата своја заработка од наградите на турнирите да ја донира за помош на децата во Украина и на крајот таа сума достигна околу 630.000 долари.
„Беа бомбардирани куќи, а семејствата беа иселени. Малите деца беа погодени од оваа војна, многу беа повредени, а некои беа убиени. Не бев сигурен како можам да помогнам, па решив дека од Индијан Велс па наваму, сите пари што ги освојувам на турнирите ќе ги донирам на УНИЦЕФ. Тоа ми даде дополнителен мотив, а се надевав дека и некои други играчи ќе се приклучат во собирањето помош“, изјави Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА