Енди Мареј нема да биде тренер на Новак Ѓоковиќ на турнирот од Мастерс серијата во Монте Карло. Како што е објавено на официјалната веб-страница на АТП, братот на Новак, Марко Ѓоковиќ ќе биде во неговиот тим за време на турнирот.
Марко и самиот беше тенисер, а најдобар пласман му е на 571 место на АТП Листата.
Мареј беше тренер на Ѓоковиќ на Австралија Опен, Индијан Велс и Мајами, а се очекува Шкотланѓанецот да се врати како тренер на Србинот на Мастерсот во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА