Енди Мареј е позитивен на коронавирус

Учеството на британскиот тенисер Енди Мареј на Австралија опен се наоѓа под знак прашалник бидејќи тројниот грен-слем шампион е позитивен на коронавирус, пренесува Би-би-си.

Тој е во домашна изолација и чека дополнителни информации околу тоа дали ќе смее со изолиран лет да отпатува за Мелбурн. Мареј е трикратен освојувач на грен-слем турнирите, откако два пати триумфираше на Вимблдон и еднаш на УС опен. Во кариерата има и два златни медали од Летните олимписки игри.

 

Се вчитува...