Енди Мареј реши повторно да соработува со Иван Лендл во обид да се врати на победнички патеки во кариерата. Британскиот тенисер се врати на терените по тешката повреда на колкот, но резултатите му се далеку од посакуваното ниво.
Поради тоа, 34-годишниот Мареј реши повторно да соработува со Лендл, под чие водство ги имаше најголемите успеси во кариерата. Енди Мареј при првата соработка со чешкиот тренер освои олимписко злато во 2012 година, за неколку месеци потоа да триумфира и на УС Опен, за во 2013 да стигне и до својот прв трофеј на Вимблдон.
Мареј и Лендл за првпат се разделија во март 2014 година, две години подоцна повторно почнаа соработка, за Британецот повторно под водство на истиот тренер да стигне до втората титула на Вимблдон.
Втората разделба се случи во мај 2017 година, кога Мареј се соочуваше со сериозни проблеми со повредата на колкот и неколкуте операции што беа извршени врз овој тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

