Британскиот тенисер Енди Мареј поради повредата на грбот која му предизвикува големи болки, одлучи предвреме да стави крај на сезоната. Тој нема да учествува на турнирите во Пекинг и во Шангај, и практично ќе биде „во аут“ до 2018 година.
Мареј се откажа од УС Опен на два дена пред почетокот на гранслем турнирот, а нема играно од јули, кога доживеа елиминација од Сем Квереј во четвртфиналето на Вимблдон.
„По консултациите со неколку специјалисти, заедно со мојот тим донесовме одлука да ги пропуштам следните турнири во Пекинг и во Шангај. Практично, ќе морам да одморам до крајот на годината и се надевам дека ќе се вратам потполно здрав во Бризбејн, на стартот на 2018 година. Ова беше фриустрирачка сезона за мене, пред се поради проблемите со повредата на грбот“, изјави Енди Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА