Енди Мареј ја завршува кариерата!?

Поранешниот светски рекет број еден, Енди Мареј се поизвесно става крај на својата кариера. Мареј се мачи со повредите, и и покрај желбите да настапи на Вимблдон, нема да успее во тоа со што најверојатно ќе стави точка на својата професионална кариера.

Настапот на Вимблдон беше негова последна желба пред да му каже збогум на тенисот. Најдобриот британски тенисер на сите времиња имаше проблем со циста на рбетот, мораше да биде опериран, не криејќи го разочарувањето што нема да може да настапи за последен пат на британскиот гранслем турнир. Мареј во својата кариера освои 46 титули во сингл, а е и двократен освојувач на Вимблдон.

Под знак прашалник е и неговиот настап на Летните олимписки игри во Париз, иако самиот Мареј во неколку наврати изјавуваше дека би сакал да се игра на ЛОИ 2024.

Се вчитува...