Британскиот тенисер Енди Мареј потврди дека ќе се врати на терените и во сингл конкуренција следната седмица на Мастерс турнирот во Синсинати. Британецот во изминатиот период имаше проблеми со повредите. Прво имаше големи проблеми со грбот, а потоа во јануари годинава мораше да оди и на операција на колкот.
Во јуни месец тој се врати на терените, но само во дубл конкуренција, каде на турнирот во Квинс со Фелисијано Лопез го освои трофејот. Играше во дубл и на Вимблдон, но не успеа да забележи посериозен резултат.
Мастерсот во Синсинати на програмата е од 11. до 18. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА