Енди Мареј: Ќе жалев цел живот ако не прифатев да му бидам тренер на Ѓоковиќ

Енди Мареј издржа само неколку месеци како тренер на Новак Ѓоковиќ, но британскиот тениски великан не крие дека му е мило што воопшто имал ваква шанса за соработка со најдобриот тенисер во историјата.

Британецот во интервју за медиумите на „островот“ обелодени дека не размислувал премногу штом ја добил понудата, свесен дека станува збор за шанса што се добива еднаш во животот.

Во почетокот искрено уживав, но беше јасно дека резултатите не се онакви какви што ги посакувавме и јас и Новак. Без оглед на се, јас сум среќе што бев дел од таа приказа, бидејќи ми се укажа едиснтвена можност и ја прифатив. Да не прифатев повик од Ѓоковиќ, мислам дека ќе жалев до крајот на животот. Да минеш време со еде од најголемите ривали, еден од најголемите спортисти нан сите времиња, да се обидуваш да му помогнеш, во исто време и да учиш од него… Сето тоа беше фасцинантно“, истакна Мареј.

Британската тениска легенда откри и што верува дека е клучниот фактор за неуспешнната соработка со Србинот.

„Неговата база во тој период беше во Шпаија, а јас бев во Велика Британија. Јас сум на ставот дека ако сакате да бидете добар тренер, мора да минувате многу време со играчот со кој работите, а тоа е многу тешко кога тој не живее блиску до вас“, обелодени Енди Мареј.

Се вчитува...