Енди Мареј менува спорт со цел да заработи милиони

Легенда Енди Мареј се препушти на нов спорт и тенисот го замени со голф каде ќе се обиде да заработи милиони, откриваат медиумите на „Островот“.

Очекувањата се дека дебито на еден турнир ќе го има во родната Шкотска каде од 2. до 5. октомври ќе се одржи престижниот турнир „Alfred Dunhill Links Championship“ со награден фонд од околу 4.3 милиони евра на кој ќе настапат едни од најголемите имиња во овој спорт.

„Навистина се радувам на ова, ова е посебно. А, за Шкот како мене да можам да го направам тоа во Шкотска и на една така единствена локација го прави тоа уште полуксузно. На многу начини. Old Course е многу сличен на централниот терен на Вимблдон. И двата терени имаат историско чувство и атмосфера која не постои на други спортски места во светот. Ќе уживам“, изјави Мареј.

Се вчитува...