Енди Мареј не престана да плаче: Крај на една успешна кариера! (ВИДЕО)

Енди Мареј стави крај на својата професионална тениска кариера, по синоќешниот последен меч одигран на Летните олимписки игри во Париз.

Британскиот тенисер загуби во четвртфиналето во игра на двојки со својот сонародник Дан Еванс од Американците Томи Пол и Тејлор Фриц, одигрувајќи го последниот професионален меч на еден тениски терен.

Мареј не можеше да ги сопре и солзите по натпреварот на збогувањето со светската тениска публика.

Неговата кариера беше исполената со безброј успеси во најдобрите играчки денови, но за жал во завршницата беше одбележана од тешките повреди, поради кои Енди на крајот заврши со вештачки колк. Ќе замине со освоени три грандслем титули и е единствениото тенисер во историјата кој освоил две олимписки злата во поединечна конкуренција, додека за издвојување е и тоа што мина 41 една недела на врвот на АТП листата во ерата во која доминираа Ѓоковиќ, Федерер и Надал.

Се вчитува...