Енди Мареј го имаше својот камбек на тениските терени во сингл-конкуренција, настапувајќи во првото коло од Мастерс-турнирот во Синсинати. Британецот е двократен шампион на овој турнир, но долгата пауза дефинитивно остави трага, па Мареј претрпе пораз на синоќешниот дуел со Ришар Гаске, со максимални 0-2 во сетови (4-6, 4-6). Тој дозволи брејк на првиот гејм на свој сервис, по што искусниот Гаске знаеше како да го контролира мечот и на крајот стигна до заслужена победа.
Мареј, за кого ова беше прв меч во сингл по пауза од седум месеци, по мечот објави дека нема да учествува на УС Опен во сингл-конкуренција.
„Ми беше понудена вајлд-карта, но не знам како ќе се чувствувам тогаш, колку мечеви би можел да издржам, затоа и решив да ја одбијам. Дефинитивно нема да играм во сингл на УС Опен“, истакна Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА