Претстојното издание на УС Опен ќе биде дополнително осиромашено откако Енди Мареј вечерва обелодени дека нема да може да настапи на овој гранслем турнир. Британецот беше во „аут“ уште од Вимблдон, но минатата седмица допатува во Њујорк и делуваше подготвено за камбек на терените.
Сепак, по болката на колкот на последните тренинзи Мареј реши сепак да не биде дел од овој силен тунир.
„Зборував многу со специјалистот за повреди на колкот со кој се консултирав, имав специјални терапии… Сепак, на крајот чувствувам болка поради која ќе немам шанси да се борам за трофејот, а не гледам поента да играм кога не сум подготвен и не можам да станам шампион“ – истакна Мареј, кој додаде дека во следните денови ќе одлучи дали воопшто ќе се врати на терените до крајот на оваа година или ќе земе пауза како што тоа го сторија Ѓоковиќ, Вавринка и Нишикори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА