Поранешниот прв светски рекет, Енди Мареј по долгата пауза по операцијата за санирањето на повредата на колкот бележи огромен пад светската АТП листа. После Вимблдон на кој не можеше да го брани четвртфиналето од минатата година, Мареј сега не е ни межу 800 најдобри тенисери во светот.
Британецот моментно е на 838.позиција со само 20 бода и продолжува со обидите да се врати на терен по тешката повреда.
Иако ренкингот му е очаен, на Мареј не му недостасува смисла за хумор, па тој дури и се пошегува на Инстаграм дека е „горд“ со своето 838.место и предизвика насмевки кај своите фанови.
Следната цел за него ќе биде турнирот од Серијата АТП 500 во Вашингтон каде последен пат настапи во 2015 година, а во 2006 година во финалето загуби од Французинот Арно Клеман.
По настапот во Вашингтон, Мареј планира да учествува и на Мастерсот во Торонто, но ќе го пропушти Синсинати за да може подобро да се подготви за настап на УС Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА