Енди Мареј се повлече од Вимблдон

Двократниот шампион на Вимблдон, Енди Мареј се повлече од најпрестижниот турнир во светот.

Поранешниот светски рекет број 1 ја објави оваа вест непосредно пред првиот натпревар во кој требаше да се соочи со чешкиот тенисер Томаш Махач. Наместо него, како среќен губитник во главната ждрепка влезе Давид Гофан.

Британецот пред десетина дена имаше операција на грбот, чекаше до последен момент, но на крајот сепак одлучи да се повлече. Енди се очекува да настапи во двојки, каде ќе игра со неговиот брат Џејми.

Мареј ја освои титулата на терените на Ол Ингланд клубот во 2013 и 2016 година.

Се вчитува...