Младиот Бразилец Ендрик имаше деби од сништата на „Сантијаго Бернабеу“ тресејќи ја мрежата по само десет минути откако доби шанса на средбата против Вилјадолид.
Со 18 години и 35 денови тој стана најмладиот странец голгетер во историјата на Реал Мадрид.
„Мислам дека сите сме среќни. Си игравме, а нашите семејства не гледаа. Моето знае колку работев и патев, како што и самите тие. Луѓето ме критикуваа мене и мојата фамилија, мојата девојка… Сите поминавме низ многу работи, но да го живееш овој момент е феноменално“, изјави Ендрик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА