Ендрик по само една сезона го напушта Реал Мадрид?

Пристигнувањето на Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид донесе несигурност за местото на Бразилецот Ендрик во тимот па тој би можел да ја промени средината и покрај тоа што релизиараше трансфер во „кралските“ редови вреден 47.5 милиони евра пред само година дена.

Младиот Бразилец под водство на Карло Анчелоти одигра 847 минути на 37 натпревари, постигна и девет голови, но не го зацементира своето место во составот. Очекувањата беа дека неговата ситуација ќе се промени на подобро под водство на Алонсо, но проблем му создава повредата на мускулот поради која не е дел од ФИФА Светското клупско првенство, а би можел да се појави на теренот на крајот на подготовките.

Во меѓувреме блесна Гонзало Гарсија, младиот Шпанец од младинската школа на Реал Мадрид кој сега е фаворит број еден за популарната „деветка“.

Интерес за ангажман на Ендрик покажа Јувентус кој го посакува за засилување во нападот.

Се вчитува...