Бразилскиот напаѓач Ендрик му се приклучи на Лион на позајмица од редовите на Реал Мадрид и уште во првиот настап за новиот клуб постигна гол.
Младиот голгетер не успеа да се наметне во Реал Мадрид покрај пеколната конкуренција па спас на сезоната најде во Франција. По првиот гол за новиот клуб говореше за медиумите.
„Многу сум среќен, ова беше мојот прв натпревар. Најважна беше оваа квалификација. Беше тежок натпревар, знаевме дека играме против силен противник. Му се заблагодарувам на Бог да шансите да постигнам гол.
Многу сум среќен што се вратив на терен и што ми се врати насмевката. Фантастично е, многу подобро отколку што замислував. Можам да се шегувам со целата екипа, ги запознав сите, говорам шпански и англиски. Се чувствувам како да сум дома. Пресреќен сум. Ова е фантастично“, изјави Ендрик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

