Македонскиот фудбалски прволигаш, Шкендија го претстави Ендрит Красниќи за свое ново засилување за новата сезона во ПМФЛ и настапот во квалификациите од Конференциската лига.
Во изминатите години Красниќи беше прогласуван за најдобар играч од средниот ред во Косово, а два пати беше шампион на Косово, еднаш со Дрита и потоа со Приштина.
„Се надевам дека ќе имаме фантастична сезона. Познато е дека организацијата во клубот е на високо ниво во споредба со другите клубови, па за нас кои работиме овде имаме можност да напредуваме. Фасцинирам сум од клубот и довербата која ми ја даде и ќе дадам се од себе да ги исполниме зацртаните цели“, изјави Красниќи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА