Енеа Бастианини сензационален победник на првата трка сезонава во Мото ГП

Возачот на Грисини, Енеа Бастианини е победник на првата трка во сезоната во Мото ГП која денеска се возеше на патеката Лосаил во Катар. Италијанецот 22 круга на Лосаил ги помина со феноменално возење и стигна до првиот триумф во кариерата во кралската класа.

Второто место му припадна на Германецот, Бред Биндер, додека на третото место заврши Пол Еспаргаро на Хонда кој може да жали бидејќи направи голема грешка поради која го загуби лидерското место.

Вториот возач на Хонда, Марк Маркез трката ја заврши на петтата позиција.

Се вчитува...