Енфилд двапати експлодираше во првите 15 минути од дуелот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, откако „црвените“ се стекнаа со предност од 2-0.
Гол на Нуњез уште во 4. минута од средбата, а потоа Салах во 15. минута зголеми на 2-0. Вреди да се напомене дека на вториот гол на Салах, директен виновник беше Тибо Куртоа кој со „киксот“ му подари гол на Ливерпул.
Интересно пред само неколку месеци Куртоа беше херој на финалето меѓу овие два тима, а сега по само 15 минути прима два гола.
Меѓутоа Винициус во 21. минута го шокираше „Енфилд“ откако успеа да погоди и го намали водството на 2-1 и со тоа го врати Реал Мадрид во игра за да избегне пораз на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

