ЕКИПА во Гдиња,
Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски
Енис Барди остави уште една одлична партија зад себе… Еден од централните мотори на македонската селекција не го криеше задоволството што Македонија не е посрамотена пред Европа, но сите тие покажаа дека може да се надигруваат и со најголемите европски фудбалски ѕвезди.
„Сега кога е крај со натпреварите за нас на овој турнир, може да кажам дека сме среќни како се претставивме во Европа, иако многумина ќе речат дека освоивме само еден бод, а имавме два порази. Но, јас знам дека направивме се што можевме. Среќни сме затоа што ова е наше прво учество на Европско првенство, среќни сме затоа што покажавме дека може да играме против најголемите европски ѕвезди во нашата генерација, среќни сме што докажавме дека има иднина во секој од нас, и како поединци и како колектив“ – рече Барди по денешниот дуел со Португалците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА