Одлични вести од таборот на македонската репрезентација. Енис Барди е негaтивен на денешниот тест на Ковид-19, па, согласно протоколите и на УЕФА, веднаш се приклучува на подготовките на македонската репрезентација.
По позитивниот тест во четвртокот, Енис Барди е негативен на денешниот трет тест направен по приклучувањето на репрезентативниот собир!
„Добредојде дома Енис Барди“ – објави и македонскиот селектор Игор Ангеловски.
Согласно најавите од националниот тим, фудбалерот на Леванте веќе се очекува веднаш од утре да се приклучи на тренинзите со тимот на Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА