Енис Барди би можел да се закити со признанието за стрелец на најубавиот гол во четвртото коло од Лигата на Нации, откако прекрасниот погодок на дуелот со Гибралтар беше избран од УЕФА меѓу четирите најдобри во ова натпреварување.
Барди погоди маестрално од слободен удар за рано водство против Гибралтар, најавувајќи ја убедливата победа на нашата селекција.
Македонскиот репрезентативец за ривали во оваа трка го има Холанѓанецот Ноа Ланг и неговиот погодок против Велс, потоа Унгарецот Даниел Газдаг за беспрекорниот контранапад при победата над Англија, како и Азербејџанецот Емрели и неговото ремек-дело на дуелот со Белорусија.
За голот на Енис Барди можете да гласате на ОВОЈ ЛИНК, каде можете да ги погледнете и четирите погодоци кои се најдоа во финалниот избор на УЕФА.
Who scored the Goal of the Round on Matchday 4? ⚽️
🇲🇰 Enis Bardi
🇦🇿 Mahir Emreli
🇳🇱 Noa Lang
🇭🇺 Daniel Gazdag#UNLGOTR | @AlipayPlus | #NationsLeague— UEFA Nations League (@EURO2024) June 15, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА