Енис Барди и Столе Димитриевски стануваат соиграчи?

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди и повеќе од сигурно е на излезна врата од Трабзонспор и трансфер во една од топ 5 лигите во Европа.

Последен заинтересиран за неговите услуги е шпанскиот Рајо Валјекано во кој член е и македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски. На Рајо Валјекано му е потребен играч за врска, а како идеална опција се споменува името на Барди.

Рајо не е единствениот шпански клуб кој е заинтересиран за неговите услуги, а во трката за потписот на поранешниот фудбалер на Леванте ќе влезе и Кадиз.

Претходно во текот на вчерашниот ден излегоа шпекулации во кои се вели дека францускиот Ница е еден од кандидатите за неговиот потпис.

Се вчитува...