Енис Барди потпишува за Ваљадолид!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е пред потпис со шпанскиот прволигаш Ваљадолид, пренесуваат шпанските медиуми.

Барди пред само три дена го раскина договорот со Трабзонспор, па сега, како што пишуваат Шпанците, може да го официјализира својот трансфер во Ваљадолид кој успеал да ги победи Еспањол и Рајо Ваљекано во трката за еден од најдобрите македонски фудбалери.

За Барди ова е враќање во шпанската Ла Лига, од каде во Трабзон дојде во 2022 година од  редовите Леванте. Фудбалерот кој потекнува од школата на Шкупи, претходно во кариерата има настапи и за Брондби и шведската Преспа Бирлик, како и унгарски Ујпешт, од каде се пресели во Шпанија во 2017 година.

Се вчитува...