Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди летово сосема извесно ја напушта екипата на Бодрумспор по испаѓањето во Втората турска лига.
Веќе не е тајна и интересот на неколку екипи од Турција за услугите на македонскиот фудбалер, чии квалитети се добро познати во турската Суперлига.
Според последните информации, Самсунспор е најблиску до потписот на Енис Барди! Самсунспор изминатава сезона ја заврши на третата позиција во Суперлигата на Турција, веднаш зад Галатасарај и Фенербахче, а пред екипата на Бешикташ.
Желбата на Самсунспор е во Енис Барди да добие засилување за настапите во Лигата на Европа ова лето, и обидот да дојде до групната фаза на европското натпреварување.
Претходно, како што е познато, Барди во Турција настапуваше и во екипата на Трабзонспор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

