Македонскиот репрезентативец Енис Барди продолжува со извонредна гол-форма во која игра оваа пролет во дресот на унгарскиот Ујпешт.
По враќањето од повредата, Барди доби нешто поофанзивна улога во својот тим па сето тоа резултираше со серија погодоци. Последниот денеска од слободен удар во 82. минута за победа на Ујпешт од 2-1 против Халадаш во 32. коло од унгарскиот шампионат.
Ова е 11-ти гол сезонава за Барди во Унгарија, со кој е на третата позиција на листата на најдобрите стрелци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА