Оваа година беше година за паметење на ПСЖ. Тимот освои се што можеше да се освои, играше во финалето на Светското клупско првенство, а сега е најголем фаворит за нова титула во Лига 1, и еден меѓу најголемите кандидати за одбрана на пехарот во ЛШ.
Тренеорт на екипата, Луис Енрике го кажа рецептот потребен за ПСЖ одново да освојува трофеи и во оваа сезона којасамо што започна.
„Мораме што побрзо да ги заборавиме петте трофеи кои ги освоивме минатата сезона. Мораме да размислуваме за иднината, а тие трофеи се веќе минато. Ако сакаме одново да освојуваме пехари, мораме да ги заборавиме. А, сакаме да се бориме, да ги вратиме. Тоа е нашата цел“, изјави главниот тренер на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

