Енрике бесен: Ни требаат 20 шанси да дадеме еден гол, а противникот…

Луис Енрике не го криеше разочарувањето откако ПСЖ загуби на домашен терен од Атлетико Мадрид, втор пораз на „светците“ во првите четири рунди од Лигата на Шампионите.

Како и на претходните средби, францускиот првак имаше посед на топката, креираше шанси, но неефикасноста беше главна причина поради која Енрике и неговите избраници со наведнати глави го напуштија теренот.

„Тешко е да се објасни што ни се случува во ЛШ, имаме само четири бода иако бевме подобар противник на сите четири средби што ги имавме. Смешно беше да примиме гол како оној победничкиот на Кореа. Нам ни требаат 20 шанси за да дадеме еден гол, а нашиот противник ќе кивне и топката завршува во мрежата. Целата игра одеше кон тоа дека ние ќе го дадеме вториот гол во мечот, а кога се случи спротивното секако дека тоа беше големо разочарување за сите. Неверојатно е што имаме само четири бода, но знаеме дека сме подобри од тоа, ќе продолжиме со добри игри и верувам дека ќе стигнат и резултатите што ги посакуваме“, изјави Енрике по натпреварот.

Се вчитува...