Енрике без половина тим против Оксер

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, нема да смета на утрешниот натпревар против Оксер поради повреди на дури четири играчи. Жоао Невес, Дезире Дуе, Усман Дембеле и Маркињос се на списокот на повредени, објави клубот.

Како што е објавено, Невес, Дуе и Дембеле би можеле да се опорават до гостувањето во среда кај Барселона во второто коло од Лигата на шампионите, додека Маркињос сигурно ќе го пропушти тој натпревар бидејќи е објавено дека ќе биде надвор од игра уште неколку недели.

Утре, во 21.05 часот, ПСЖ ќе го пречека Оксер во натпревар од шестото коло од француската Лига 1. По четири одиграни кола, шампионите на Франција го делат првото место на табелата со Монако, Лион и Стразбур со 12 бода.

Се вчитува...