Енрике: Ботафого ни беше најтежок ривал оваа година

Ботафого направи една од најголемите сензации во модерната фудбалска историја – го победија ПСЖ, актуелниот европски шампион, а Луис Енрике му честиташе на својот ривал.

Јужноамериканскиот шампион му го препушти поседот на топката на противникот, играше цврсто во одбраната и тоа донесе резултат.

„Ботафого е тимот што се бранеше најдобро против нас во текот на целата сезона, во Лига 1 и во Лигата на шампионите. Тие играа во низок блок од самиот почеток и ни ја отежнаа работата, бидејќи беа многу ефикасни и обединети. Не создадовме толку многу шанси како што обично правиме “, рече Луис Енрике.

Ботафого е лидер во групата со шест бодови, и е пред пласман во следната фаза. Потребно е само да не загуби од Атлетико Мадрид во последното коло.

Се вчитува...