Енрике даде „зелено светло“ за заминување на 95 милионското засилување

Францускиот репрезентативец Рендал Коло Муани не ги оправда очекувањата на ПСЖ по транферт вреден 95 милиони евра. Тој сега е прекуброен во составот на Луис Енрике па по само година и пол ќе замине од тимот.

Очекувањата се дека следната дестинација на напаѓачот ќе биде Премиерлигата каде постои сериозен интерес од Манчестер Јунајтед кој е потрага по нов напаѓач, како и Њукасл Јунајтед кој го гледа како идеална замена за Александар Исак.

Постои шанса и да се врати во Бундеслигата каде во минатото го носеше дерсот на Ајнтрахт Франкфурт. Муани е желба на Лајпциг па доколку дојде до премин во Германија тоа за него ќе биде позната дестинација.

Се вчитува...