Фудбалерите на Пари Сен Жермен испишаа историја и стигнаа до првата титула во Лигата на шампионите, откако вечерва во финалето на „Алијанц арената“ го прегазија Интер со убедливи 5-0.
Дефинитивно најголем виновник за неверојатната сезона на „светците“ и освојувањето на тројната круна е Луис Енрике.
Многу тренери со големо реноме се наредија последните десет години во ПСЖ меѓу кои и Карло Анчелоти, Томас Тухел, Унаи Емери, имаа и многу повредни тимови, но никогаш не успеаја да го одведат клубот од Париз на врвот во Европа.
По заминувањето на Килијан Мбапе сите очекуваа ПСЖ да се изгуби во сивилото, а многу експерти предвидуваа дека може да ја загубат и титулата во домашниот шампионат. До полусезоната токму така и изгледаше. Тимот на Луис Енрике се мачеше и во Лига 1, но многу повеќе во Лигата на шампионите каде основниот дел го заврши на 15. место.
Веројатно пресвртница во сезоната беше елиминацијата на Ливерпул во осминафиналето, кога почна да се надѕира дека овој тим има предиспозиции за највисок дострел.
Тоа на крајот и се случи убедлив триумф од 5-0 против Интер и прва историска титула за клубот во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

