Фудбалерите на ПСЖ одиграа неверојатен натпревар во првата осминафинална средба против Ливерпул во Лигата на Шампионите, но и покрај тоа што имаа 27 обиди кон противничкиот гол, не успеаја да ја затресат мрежата, а англискиот состав од само два обида стигна до предност од 1-0.
Сега „светците“ ги очекува „пекол“ на легендарниот англиски стадион „Енфилд“ во реваншот, но настап на него носи посебна мотивација, како што вели тренерот Луис Енрике.
„Мислам дека не постои еден фудбалер во составот кој не сака да игра против Ливерпул. Знаеме дека (Енфилд) е легендарен стадион во Европа, со моќна историја, но тоа претставува и мотив за нас – и како екипа и како поединци, да покажеме дека можеме да одиграме многу добар натпревар, против многу добар Ливерпул, ни нивен терен. Зошто да не? Тоа е нашата цел и наша мотивација“, изјави Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

