Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике сосема очекува беше видно нерасположен по синоќешната елиминација на неговиот тим од Борусија Дортмунд во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Борусија Дортмунд и вторпат, овој пат во Париз, славеше со 1-0, па за „милионерите“ ова ќе биде трето финале во Лигата на шампионите, по 1997 година кога го победи Јувентус со 3-1, и во 2013 година кога загуби со 2-1 од Баерн.
„Објективно мораше да го добиеме натпреварот. Имавме 30 удари кон голот, дури четири пати ги погодивме дирекот и гредата, но ете фудбалот понекогаш е навистина толку неправеден“ – истакна Енрике по мечот, дополнувајќи:
„Сакам да им честитам на Борусија Дортмунд кој е навстина одличен тим. Посакувам да победат во финалето. Ние, пак, ќе мора да се реорганизираме и следната сезона со желба за освојување на ова натпреварување“.
Луис Енрике и следната сезона останува на клупата на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА