Тренерот на францускиот шампион Луис Енрике одлучи да тактизира како би ги зачувал своите најдобри фудбалери за дуелот во ЛШ против Барса, па тоа го чинеше неговиот тим два бода во дуелот против Клермон со кого одигра само 1-1 во последниот натпревар од 28. рунда во Лига 1.
Енрике овој меч го почна со скоро сите свои првотимци на својата клупа, кои беа преводени од најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе, па тоа гостите го искористија да поведат со 0-1 со голот на Кеита во 32. минута.
Мбапе во игра влезе во 67. минута, па до крајот успеа да му асистира на Гоншало Рамош кој во 84. минута го постигна голот за реми 1-1.
Gonçalo Ramos qui enchaîne après son BUT contre l’OM, on est tellement content ici !
Bien l’impression qu’on tient notre numéro 9 pour la saison prochaine. pic.twitter.com/TnHHiYPq3q
— 𝐌. (@Mehdinho_10) April 6, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА