Откако беше еден од најзаслужните за освоениот пехар во Лигата на шампионите минатата сезона, Џанлуиџи Донарума на неславен начин заврши со тимот на ПСЖ. Италијанскиот голман не се договори за продолжување на договорот со „светците“, па сега ќе си бара нова средина.
Уште почудна е изјавата на тренерот Луис Енрике, откако до вчера токму Донарума му беше незаменлив дел од тимот. Тренерот на европскиот првак кажа дека одлуката за отстрануваењ на голманот е исклучиво негова.
„Донарума не е во играчкиот кадар за следната сезона, и одлуката е исклучиво моја. 100 проценти сум одговорен за оваа одлука, и тоа не го кријам. Сакам поинаков тип на голман, и тоа не го кријам. Џиџи е еден од најдобрите во светот, и нема да му биде тешко да најде нов клуб“, рече Енрике.
Ова навистина го потресе 26-годишниот голман, кој вечерва на социјалните мрежи потврди дека го напушта ПСЖ, но дека тоа не е негова одлука и дека сака да остане и да има повеќе време да размислува за нов договор.
„Од првиот ден кога пристигнав во клубот, дадов сè од себе на теренот и надвор од него за да го заслужам своето место на голот на ПСЖ. За жал, некој одлучи дека повеќе не можам да бидам дел од овој тим, што ме разочара и ми го скрши срцето“, рече Донарума
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

