Енрике го „избриша“ Рамос за ЕВРО 2020, Шпанија без ниту еден фудбалер од Реал Мадрид

Шпанија ќе биде без ниту еден фудбалер од најтрофејниот клуб Реал Мадрид на претстојното Европско првенство, откако селекторот Луис Енрике го избриша и долгогодишниот капитен Серхио Рамос од списокот на патници за ЕВРО 2020.

Предност пред Рамос на списокот на Енрике доби поранешниот младински репрезентативец на Франција и член на Манчестер сити, Америк Лапорт.

Поради слаба форма од списокот се исфрлени и Марко Асенсио и Начо, па за првпат во историјата Шпанија на Европско првенство ќе биде без фудбалер од Реал Мадрид.

Се вчитува...