Енрике има и Русин и Украинец во тимот: Фудбалот обединува, тој е над политиката…

ПСЖ неколку месеци преговара со Борнмут и на крајот успеа да го комплетира трансферот на дефанзивецот Илија Забарњи, украинскиот репрезентативец кој веќе дебитираше за новиот европски шампион.

Тренерот Енрике сега се соочува со проблем во ист тим да успее да вклопи Украинец и Русин, ако се знае дека ПСЖ од претходно во своите редови го има рускиот голман Сафонов. Нетрпеливоста меѓу спортистите од овие две држави кои се во воен конфликт е огромна, но Луис Енрике е убеден дека тоа нема да биде никаков проблем во таборот на ПСЖ.

Спортот, и особено фудбалот, тоа е најдобриот начин за луѓето да се обединат, не да се разделуваат. За мене фудбалот е над политиката, над економските интереси на политичарите. Не верувам дека ќе имаме проблем на оваа тема, Забарњи и Сафонов се апсолутни професионалци“, иизјави Луис Енрике.

ПСЖ во второто коло од францускиот шампионат утревечер ќе го пречека составот на Анже.

Се вчитува...