Енрике ја откри причината за успехот на ПСЖ: „Украдовме“ стратегија…

ПСЖ вечерва од 21 часот ќе си ги одмери силите со Челси во финалето на ФИФА Светското клупско првенство. Овој натревар ќе биде прекрасна шанса францускиот тим да ја круниса преуспешната сезона во која за прв пат во историјата ја освои и Лигата на Шампиони со трофеј и за самиот крај.

Тренерот на парижани, Луис Енрике повторно доби интересно прашање да ја прокоментира една од најдобро чуваните тајни на успехот – изведувањето на топката од центарот. За разлика од минатото кога одбиваше одговор, овој пат шпанскиот стратет откри мала тајна.

„Таа анализа би била интересна доколку се наоѓаме на семинар и дискутираме за тоа со колеги од професијата. Го препишавме тоа од Лион. Видовме како го прават тоа и ни се допадна. А зошто го применуваме? Е тоа нема да ви откријам“, изјави Енрике.

Се вчитува...