Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике верува дека неговиот тим мора да даде сто отсто на гостувањето кај Астон Вила во реванш натпреварот во четвртфиналето од Лигата на Шампионите доколку сака да се пласира во полуфиналето и покрај победата од 3-1 во првиот меч.
Шпанскиот стратег изјави дека неговиот тим нема да калкулира, туку е гладен за победи и на тоа ќе цели на „Вила Парк“.
„Наш план е да се справиме со предизвиците што ќе ни ги донесе Астон Вила и да целиме на победа. Доаѓањето на стадион како „Вила Парк“ за нас е можност да покажеме конкурентност. Уживаме да играме и дома и на гости – тоа не е пречка, туку дополнителен поттик. Треба да останеме концентрирани на нашите цели. Ако сме спремни да се бориме, ќе бидеме спремни и да триумфираме. Подготвени сме за секакви сценарија. Ова е натпреварување што носи возбуда, а ние сакаме да покажеме игра што ќе ни донесе успех.
Фаворити? Лигата на шампиони е полна со екипи што важеа за фаворити, но испаднаа. Иако победивме во првиот меч, не се опуштаме, бидејќи сме гладни за победа. Сакаме да докажеме дека имаме квалитет за полуфинале“, вели Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА