Барселона синоќа против Леганес стигна до тешка победа со која остана во трката за шампионската титула во Примера.
Пеналот кој го погоди Лионел Меси во финишот од мечот им донесе на Каталонците победа од 2-1, но тренерот на Барселона, Луис Енрике вели дека и натаму во глава му е само тешкиот пораз од ПСЖ во Лигата на шампионите.
Околу својата иднина во клубот Енрике се уште не донел одлука, но затоа пак е лут на новинарите за постојаните нивни пишувања за наводен крај на една позитивна ера на Барса.
„Не знам се уште за мојата иднина, но тоа сигурно нема да влијае на нашите игри на терен. И може слободно да кажам дека ова не е никаков крај на една ера на клубот, како што вие пишувате, затоа што тоа само песимист може да го кажат. Играме се уште во три натпреварувања, како бре крај на една ера!?“ – им се обрати Енрике на новинарите по мечот со Леганес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА