Тренерот на ПСЖ Луис Енрике истакна поддршка за неговиот напаѓач Килијан Мбапе, кој има лоши бројки во последните неколку натпревари за својот тим.
Ѕвездата на ПСЖ не уиспеа да постигне ниту еден гол ниту асистенција во мечевите против Марсеј, Клемон и Њукасл.
„Пред 2-3 недели во истава просторија ме прашаа дали зависиме од Килијан, затоа што постигна 7-8 гола. Сега ме прашувате што треба да направи затоа што нема голови. Мораме да бидеме понормални. Играчите минуваат низ различни состојби во текот на сезоната. Тој не е ниту Супермен кога ќе даде осум гола, ниту е просечен играч кога нема да дава голови. Не е се бело и црно, има и нијанси“, изјави Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА