Луис Енрике со големо разочарување се појави пред новинарите по поразот од селекцијата на Јапонија по кој неговата селекција падна на второто место во групата.
Пласманот во осминафиналето е обезбеден, таму Шпанците ќе се сретнат со Мароко, но нивниот кормилар јасно стави до знаење дека е незадоволен од исходор на синоќешниот меч.
„Не размислувавме за математики и за наредниот противник, толку многу сакав да победиме и да бидеме први во групата. Не се радувам што ќе играме против Мароко бидејќи тоа е селекција како и Јапонија, што игра слободно бидејќи нема што да загуби. Што ни се случи? Навистина не знам, тоа беа пет минути на наша апсолутна немоќ во која противникот даде два гола. Јапонците се растрчаа како млазни авиони околу нас, сите бевме во шок, не очекувавме ваква разврска. Потоа се обидовме да се вратиме и да дадеме барем еден гол, но беше многу тешко бидејќи Јапонците се бранеа со сите сили“, изјави Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА