Енрике: Можно е ПСЖ да добие нови играчи во јануари

Францускиот првак ПСЖ би можел да добие неколку имиња во своите редови во јануарскиот преоден рок, потврди тренерот Луис Енрике.

На прашањето дали е можно францускиот првак да го освежи составот во јануарскиот преоден рок, шпанскиот тренер одговори дека ПСЖ секогаш треба да го подобрува составот.

„Да, можно е да добиеме неколку нови имиња во јануарскиот преоден рок. Секогаш сме подготвени да го подобриме нашиот состав“, изјави Енрике.

Како најсериозно име за засилување се споменува Бруно Гимараеш од Њукасл.

Се вчитува...