Енрике: Не се откажуваме, наша цел е четвртфинале во ЛШ

Во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен упати 27 удари кон голот на Ливерпул, а црвените само два. На крајот Ливерпул победи со 0-1, а „светците“ се решени да победат во реваншот.

Натпреварот по кој ќе се знае кој оди во четвртфиналето од елитното натпреварување ќе се игра вечерва од 21 часот.

„Мислам дека нема ниту еден играч во тимот кој не сака да игра. Знаеме дека „Енфилд“ е легендарен стадион во Европа, со моќна историја, што е мотивација за нас – и како тим и како поединци, да покажеме дека можеме да одиграме многу добар натпревар, против многу добар Ливерпул, на нивен терен. Зошто да не? Тоа е нашата цел и нашата мотивација“, вели  Луис Енрике.

Се вчитува...