ПСЖ се наоѓа во одлична форма од стартот на 2025 година, а по победата од 4-1 над Лил и четирите постигнати гола во првото полувреме „светците“ сега полни со самодоверба ќе го пречекаат Ливерпул во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Шампионите.
Англискиот тим игра неверојатно сезонава, убедливо е прв во Премиер-лигата, а како првопласиран ја заврши и лигашката фаза од ЛШ. Сепак, тренерот Луис Енрике е убеден дека неговиот тим на „Паркот на принцовите“ ќе успее да ги замрси сметките на противникот.
„Штета е што сега играме со Ливерпул, овој дуел можеше да биде и финале од Лигата на Шампионите. Презадоволенс сум од нашата игра против Лил бидејќи тоа е тим што игра слично како Ливерпул, ја гради играта од последната линија, а ние со одличен пресинг не му го дозволивме тоа на противникот. Ова е нашиот најдобар дел од сезоната и слободно можам да кажам дека во ништо не сме инфериорни во однос на Ливерпул. Шансите се 50-50, како за првиот меч, така и севекупно за патникот во следната фаза“, прокоментира Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

