Луис Енрике не би требало да мине долго време без работа откако довчерашниот шпански селектор доби интересна понуда. Медиумите од Пиринејскиот полуостров објавија дека Енрике е многу блиску да стане нов тренер на Атлетико, откако мадридскиот тим решил да стапи во контакт со екс-селекторот како најдобра опција за наследник на Диего Симеоне.
Аргентинскиот стратег долго време важеше за недопирлив во Атлетико, под негово водство тимот освои неколку трофеи, но катастрофалните игри и резултати сезонава беа причина управата на клубот сериозно да размислува за тренерска смена. Симеоне го загуби авторитетот врз играчите, а засилувањата кои тој ги бараше не ги исполнија очекувањата, па претседателот Черезо се подготвува да сврти нов лист во клупската историја.
Енрике делува како идеална опција, екс-тренерот на Барселона би добил договор на три и пол сезони, со што би имал доволно време да состави екипа со која Атлетико повторно би се борел за трофеи во фудбалска Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА