Енрике: Немаме проблем со Килијан Мбапе

По најавеното заминување од ПСЖ како слободен играч на крајот на сезоната, Килијан Мбапе се најде на клупата за резерви за натпреварот со Нант што предизвика лавина на гласини за казна на раководството кон одличниот напаѓач.

Сепак овие гласини ги отфрли тренерот Луис Енрике кој по натпреварот како причина за овој потег го наведе заморот и потребните ротации во тимот.

„Мбапе? Одлично се согласуваме со него. Воопшто нема никаков проблем. Сакавме да направиме некои ротации во составот. Добро е навивачите да ги видат сите играчи кои се вклучени и придонесуваат. Добро се браневме и одзедовме многу топки“, изјави шпанскиот тренер по мечот во кој неговиот тим славеше со 2-0.

Се вчитува...